Пратеникот Арбен Зибери од ДУИ не учествуваше на вчерашната расправа во Собранието за избор на Влада, тој само присуствуваше на чинот на гласање под посебен протокол, појаснуваат денеска од собраниската прес-служба.

-Пратеникот Зибери не беше на седница, тој не се чувствувал добро, истиот не е ни изолиран ниту тестиран за Ковид-19, тој лично не се чувствувал добро и од колегијален аспект го информирал  претседателот на Собранието дека не се чувствува добро, информираат од Собранието.

Според препораките на здравствената комисија, во случај некој од пратениците да не се чувствува добро, претседателот на Собранието обезбедил посебна просторија за гласање за такви случаи.

-На горниот кат постои кабина за превод определена за таа намена која беше дезинфицирана и пратеникот дојде само во моментот на гласање, дирекно од кола са качи во лифт и во просторијата, а по гласањето тој се врати во лифтот и директно во кола  и немаше контакт со никој, велат од собраниската прес-служба.

Лифтот подоцна не бил во функција се до неговото дезинфицирање, со што, како што информираат од Собранието, претседателот Џафери ги спровел сите мерки дадени од Комисијата.