Приоритет на новата Влада предводена од СДСМ е прочистување на правосудството, со комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител, соопшти денеска владејачкиот СДСМ:

– Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите, а с удството мора да се прочисти, за чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство. За граѓаните, за иднината на државата важно е да се функционира силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата. Затоа, обезбедуваме систем на прочистување на судството, за никогаш повеќе да не се избираат судии од нечиј тефтер, да не се носат судски пресуди по телефон, а политичари да диктираат обвиненија. Денес сите се еднакви пред законот и секој кој ги прекршува законите, се соочува со одговорност, се вели во соопштението од СДСМ.