Ракометниот тренер со кого Варар стана евроспки шампион, Шпанецот Роберто Парондо,вели дека со тешко срце ја напуштил Македонија, но повторно би се вратил со неговото семејство.

Тој, во моментов е селектор на Египет, но во изјава за Балкан-хендбол, најавува дека еден ден ќе се врати во Македонија.

– Добро е и во Египет, но не е исто како во Македонија. Не чувствувам притисок, туку сакаме да постигнеме добри резултати на Светското првенство. Кога бев во Вардар, беше одлично и игравме многу добар ракомет и имавме добра, но тешка сезона. Сезоната беше тешка затоа што имаше многу промени. Ние бевме среќни во Скопје, моето семејство беше задоволно, па ни беше навистина тешко кога го напуштавме Скопје. Сепак, имаше проблеми и мораше да заминеме. Но, јас сакам да се вратам во Македонија зашто Македонија беше одлично место за нас, вели Парондо.