…Гледате што се случува во Тиквешијата со лозарите каде е сосема неизвесно дали воопшто ќе почне откупот на грозјето, а цените се катастрофално ниски… Јас како носител на пратеничката листа од четвртата ИЕ сум во континуирана комуникација со лозарите, верувајте тоа што се случува е катастрофа.
Да се определува цена сега, а не во февруари, околу св. Трифун, како што отсекогаш бил редот, и истовремено, да не се даде одговор во мај кога се бараше речение, туку се бараше начин како да се изврши поткуп на изборите во јули, е крајно неодговорно кон сите кои произведуваат.
Прво, неизвесно е дали воопшто ќе има откуп на целата количина грозје и второ, цените кои се нудат се катастрофално ниски, најниски во историјата на производство на грозје и сето тоа создава огромен револт. Владата не нуди решенија.
Зборував за ова на седницата кога се избираше Владата, една недела подоцна ги гледаме катастрофалните цени. Кога на ова ќе се додаде и пропаста на банката, поскапувањето на цената на струјата, мега корупциската афера во Тетово која вчера и денеска ја објавувам, на ова реакција мора да има и ќе има, побрзо отколку што планиравме кога најавив протести…
…Да ја потсетам јавноста дека некаде пред изборите беа објавени разговори во јавноста во кои контроверзниот бизнисмен Дака кажа дека дал 300 000 евра мито… тој многу јасно кажа кому ги дал тие средства… тоа што е од суштинско значење е дека во тие разговори се споменуваше Шик Јелак. Видовме дека Шик Јелак кој што контроворезниот бизнисмен Дака го поседува во моментов е трансформиран во еден голем урбанистички план кој што значи 230 илјади метри развиена површина од кои што некаде околу 120 илајди м2 се станови, тоа се околу 2 000 станови, значи околу осум илјади жители, а 80 000 м2 се трговски единици што е некаде профит од околу 200 милиони евра.
Клучното прашање е зошто меѓудругото и немаше дебата за ова и како е можно Министерството за транспорт на 21 февруари да добие барање за одобрување на планот, а на 28 и да го одобри, кога за обичен докуемнт се чека по еден месец.
Легитимно е и прашањето како е можно вакви мултимилионски бизнис да се овозможуваат на контроверзна личност која е позната во регионот – Србија, Црна Гора и БИХ – како личност која е поддржувач на радикални елемнти кои се против евроатлантските интеграции на регионот.
Александар Николоски за ТВ Сител