Напаѓачот на Бостон, Гордон Хејворд ќе го пропушти првиот натпревар од финалето на Источната конференција против Мајами, јави дописникот на „NBCS“, Крис Форсберг.
Кошаркарот продолжува да закрепнува од повредата на десниот скочен зглоб што ја заработи на првиот натпревар од првата рунда на плејофот против Филаделфија.
Играчот тренира според индивидуална програма.
Натпреварот Бостон селтикс – Мајами хит е закажан за вечер 30 минути по полноќ по македонско време.