-Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша екс министерската Гордана Јанкулоска на Фејсбук.
Нејзината објава доаѓа по лажните вести дека таа избегала или се подготвува да бега, откако Врховиот суд ја потврди пресудата со која таа е осудена на четири години затвор за случајот со „мерцедесот“ во кој се осудени и Никола Груевски и Ѓоко Поповски.