По Преспанското Езеро каде состојбата од поодамна е алармантна, паѓа нивото и на Охридското, а пресушува и Мавровското Езеро.
Според фотографиите кои кружат на социјалните мрежи се гледа тажната слика од македонските езера кои пресушуваат, а власта не презема посериозни мерки за спречување на оваа појава.
Фотографиите од Маврово, кои се објавени денеска, се загрижувачки. Граѓаните преку социјалните мрежи веќе со недели апелираат да се спаси Преспанското Езеро, а од вчера и Охридското чие ниво на водата видливо е паднато.