Како што за Тамара исчезна стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ при изведувањето на македонската химна во американската амбасада, така вчера на одбележувањето на јубилејот 1.000 години Бигорски Манастир во Македонската Филхармонија, беа „голтнати“ сите строфи од песната „1762 лето“ од Григор Прличев во кои се споменува Грција и Грците, пишува Република.

На јубилејот присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски, г.г. Стефан и други високи функцинери, како и црковни претставници, но овој „пропуст“ го забележа актерот Тони Михајловски, кој порача – гниди кукавички и предавнички.

– Вчера имаше јубилеј во Филхармонија. Убаво беше. Свечено. Арно ама северџганскиот синдром се појави и таму. При интерпретирањето на песната 1762 лето, пеачот ги прескокна сите строфи во кои се спомнуваат нашите јужни соседи. И така зборовите врли Грци, и владици Грци исчезнаа. Ете така било кога сме биле под ропство. Забранети песни, јазик, историја. Ропски народ. Гниди кукавички и предавнички, порача Михајловски преку „Фејсбук“.

„Песната за патрикот “ или „1762 лето“ на Прличев е создадена врз база на вистинити сознанија и инспирирана е од нашата историја.

Песна за Патрикот (1762 Лето) – Григор Прличев

Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
Еј! Дошел Солаор.

Се претставил пред Арсениа, наша Патрика честнаго
и му рек’л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалостно.

Царска волја е да тргнеш, денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо, в црква Свјати Климентова
благослов им дал последен, р’це заплетил.
Еј! Р’це заплетил.

Д’лго време липал старец, в молчење в’сенародно
и по бела брада ронел с’лзи горешти.
Еј! С’лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда, јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши, славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци, лицем светци срцем в’лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м’лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат, несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога, и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци, така било написано.
Елате ми да ве гушна за последен п’т.
Еј! За последен пат.

Ч’рна т’га поразила, старо, младо, м’жи, жени,
Вси со р’це заплетени с’лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие т`жни, му целуват десна р’ка и од р’ка
как’ од извор с’лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња, и неволно уп’тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок’лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже! Хаир никога да немат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
Еј! Пејко челеби.

Милостивиј Бог послушал, Патричка горешча клетва,
слава нихна, семе нихно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нихни, ткае пајак пајачина
и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
Еј! Хукат хутове.

Извор: Република