Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лицето, регистрирани се 528 прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.