Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе бидат од пороен карактер проследени со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.
Од среда следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Во деновите од викендот ќе дува засилен југоисточен ветер и преку денот ќе биде значително потопло.