Јас не можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ загуби на едни чесни избори. Но, сега во овој момент она што е клучно во државата е како да ја извадиме од лошата ситуација во која се наоѓа, рече Хиристијан Мицкоски на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

На новинарката Снежана Лупевска која ја водеше емисијата, односно интервјуто со Мицкоски, тој јасно и укажа што е клучно во моментов во државава: „Проблемот е што наместо да збориме за дебаклот во државата вие го читате Статутот на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во врска со судските реформи, Мицкоски истакна:

-Проблемот во Македонија е што, граѓаните, младите луѓе, оние повозрасните, сите, немаат доверба во системот, затоа што се чувствуваат и беспомошно. Денеска гледаме дека Добрила Кацарска ќе станувала уставен судија, ќе добила унпаредување поради тоа што добро одработила изминатиот период. Не може да има реформи со неа. Видете и кој го избира Судскиот совет кој неа ја предлага. Вие не можете да имате доверба во судството, ќе се чувствувате обесправени секогаш, затоа што ние гледаме како политичар бара мито и тој политичар поради процедурални причини е на слобода, вели Мицкоски.