Завршени се клиничките испитувања на вакцината против новиот коронавирус, која ја разви Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија при Сојузната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојба на луѓето, изјави денеска главниот руски санитарен лекар Ана Попова.
– Клиничките студии завршија денеска во Државниот истражувачки центар. Во тек се клиничките студии за вакцината на Институтот Чумаков, истакна Попова.
Таа нагласи дека руските вакцини се развиваат на различни платформи.
– Многу е добро, бидејќи тоа се вакцини кои на неколку различни начини влијаат врз човечкиот систем. Нивното производство ќе се врши на сосема различни технолошки места, истакна Попова, додавајќи дека нема да има ограничувања на количествата кои можат да се произведат.