МОН СМИРУВА: Учебната година ќе трае до 31 август 2021-ва, а наставната ќе заврши на 10 јуни

/ 01.10.2020

Учениците и родителите утринава беа збунети откако во Службен весник излезе информација во која стои дека новата учебна година ќе трае од 1-ви октомври до 31-ви август 2021 година.

По бурните реакции Министерството за образование и наука (МОН) смирува дека учебната година за учениците ќе заврши на 10 јуни како и досега.

– Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни, иако поради здравствената криза наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во улилиште клупи до 21 август, велат од МОН.

Од министерството додаваат дека треба да се направи разграничување на поимите настава и учебна година, а дека тука стои дека учебната година трае до 31 август, за разлика од наставната која е пократка.

Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат. Додека, наставната година трае помал број на денови и треба да се направи разграничување на наставна од учебна година. Овој пат наставната година започнува на 1-ви октомври и трае до 10-ти јуни. Во минатите години, траеше од 1-ви септември до 10-ти јуни, велат од МОН.


Од истата категорија