Владата предводена од СДСМ го креираше четвриот пакет мерки од 470 милиони евра наменети за помош на бизнисот и граѓаните за излез од кризата предизвиканата од пандемијата со коронавирусот, соопшти денеска владејачката СДСМ.

Во продолжение целото соопштение:

Мерките посветуваат особено внимание на самостојните вршителни на дејност, занаетчиите, кои се погодени од негативните последици од глобалната криза предвизкана од кронавирусот.

На самостојните вршители на дејности и натаму им останува на располагање поддршката за исплата на платите и пристапот до поволните кредити од Развојната банка.

Новина е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на производите и услугите на самостојните вршители на дејност, со што ќе се зајакне нивната конкурентност на пазарот.

Намалување на ДДВ од 18% на 10% се предвидува и за дејноста ресторански услуги и служење на храна и пијалоци.

Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, а преку неа ќе се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, СДСМ, како одговорна партија останува целосно посветена на обезбедување поддршка на секој граѓанин и секоја компанија погодени од глобалната пандемија.

Центар за комуникации СДСМ