Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која, при што разговарале за приоритетите и предизвиците во претстојниот период во делот на реформите во правосудството и изборното законодавство.
Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Димитров ја потенцираше важноста на Мисијата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во Северна Македонија, особено нивната улога во мониторирањето на судските постапки како механизам кој што значително придонесува за зголемување на транспарентноста и довербата на јавноста.
-Еден од приоритетите на оваа Влада е и потврдената заложба дека до крајот на годината ќе се пристапи кон измена на Изборниот законик како би се избегнало менување на легислативата непосредно пред спроведување на претстојните локални избори. При измените на Изборното законoдавство ќе се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и другите меѓународни стандарди, а постапката ќе биде инклузивна и транспарантна, вклучувајќи ја опозицијата и сите останати релевантни чинители во општеството, ја пренесува СЕП изјавата на Димитров.
Соговорниците размениле мислења и за реализацијата на планираните програмски цели на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија за наредниот период, со посебен акцент на соработката со ОБСЕ во однос на поддршката на реформските процеси во областите на владеење на правото и доброто владеење