Порталот Вечер.мк објави дека Европскиот суд за човекови права донел одлука за предметите во кои група обвинети и судени по обвиненија на СЈО бараат Судот за човекови права во Стразбур да постапува по нивните предмети со предлог да одлучи дека АБОЛИЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОТКАКО Е ДАДЕНА.

Во април 2016 година претседателот Ѓорѓи Иванов донесе акт на аболиција за 54 лица, од кои 25 политички функционери, со кои се запира секоја постапка против нив во врска со делата за кои се осомничени, а потоа и обвинети од СЈО. СЈО постапуваше по пријава од СДСМ. Аболицијата потоа беше повлечена и СЈО на крајот на јуни 2017 година поднесе 17 обвиненија за 18 предмети со кои обвини, и потоа судеше и се уште суди, 94 физички и 7 прави лица.

Група обвинети побара од Судот за човекови права во Старзбур да ја разгледа постапката и донесе одлука дека аболиција не може да се отповика, со што предметите и обвиненијата од СЈО за аболираните лица се запираат, а оштетените можат да бараат надомест на штета од државата. Одлуките, пресудите од Стразбур се обврзувачки за македонските судии.

Тоа и се случи. ОДЛУКАТА Е ДОНЕСЕНА, Европскиот суд за човекови права во Стразбур цени дека барањата на оштетените од СЈО и судот се основани, и дека ќе одлучува по нив. Во допис до владата предлага владата и аболираните лица да се спогодат за повлекување на судските предмети и надомест на штета најдоцна до 18/20 декември годинава а, ако не се спогодат, Судот ќе реши во најкус можен рок, а не три години како што вели министерот Маричиќ.

Судот во Стразбур се повикува на судската пракса за ваков случај, и го наведува преметот: Lexa v. Slovakia, no. 54334/00§ 142, 23 September 2008. Овој премет е пресуден во корист на лицето кое е наведено против државата Словачка за ист предмет. Кога Судот во Старзбур носи одлука дека има основ за постапка и прифаќа да решава, и кога се повикува на одлука која е решена во корист на поднесителот а против државата, целосно е сигурно дека нашите аболицирани од Иванов ЌЕ ДОБИЈАТ ФИНАЛНА ПРЕСУДА ВО СВОЈА ПОЛЗА , А СИТЕ АБОЛИЦИРАНИ ЌЕ БИДАТ СЛОБОДНИ. Судиите кои ги суделе ќе бидат повикани на одговорност и според нашиот закон ќе бидат разрешени.

Во соопштението на Европскиот суд за човекови права објавено денес, како што и најави порталот Вечер.мк (стои датум на објава од 5 Октомври наведени се неколку лица кои отвориле постапка за неправилно повлечена аболиција од страна на Македонија: Владимир Талевски, Едмонд Темелко, Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Тони Трајковски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков…

Деталите околу ОДЛУКАТА НА ОВОЈ СУД можете да ги видите оригинално, на интернет страната на Судот на овој линк: https://hudoc.echr.coe.int/eng#{%22itemid%22:[%22001-205253%22]}

Затоа, се прашуваме, што демантира министерот за правда Маричиќ кој вели дека ова не постои?

Ако само еден од аболицираните добие пресуда од Старзбур во своја полза, по судска пракса и аналогија таа се применува за сите аболицирани кои се гонети од СЈО и потоа судени и кои на неа ќе се повикаат, а ќе се повикаат сигурно. Затоа, во интерес на државата Македонија е час поскоро да најде законски начин за запирање на постапките по обвиненија од СЈО и спогодба со засегнатите судени или осудени лица за да не настанат уште поголеми штети и трошоци, како и смена а потоа и тужби против над дваесет судии кои ги судат овие предмети.

Државата Македонија има рок за спогодба до 18 декември. И не е само ова проблем.  Проблем пред судот во Стразбур е и употребата на телефонските разговори, нелегално снимени надвор од законска постапка. Судот во Старзбур има став дека овие докази, како такви, не можеле да се употребуваат во судска постапка. Дополнително, не постои ни таксативен записник кои телефонски разговори, чии и кога снимени се предадени од СДСМ на СЈО што е обврзувачко во прибирање докази во кривичната постапка, туку без детален записник се предавани хард дискови со “аудио материјали“. Ниту еден нелегално снимен телефонски разговор употребуван како доказ не е вештачен.

Министерот Маричиќ го знае сето ова, секако и подобро од нас, но од нему познати причини досега е криено, а сега се обидува да го спинува како небитно. Сега и јавноста знае како стојат работите во врска со оваа тема.

Само од судењата на аболицираните досега се направени судски, адвокатски трошоци, трошоци за вештачења, притвори… и друго околу 3 милиони евра, плус нанесената штета. Плус следат сите други во чии постапки се употребувани нелегално снимените разговори како доказ. Ако не се спогодат, или со закон не се сопрат судењата до 18 декември, овие пари и се што е штета над тоа ќе ги плаќа државата Македонија заради свесно неизвршување на службена должност на тие кои по ова прашање одлучуваат во ситуација кога од Судот во Стразбур им е навремено дадено на знаење што следи.

Дури и медиумите од кампот на СДСМ, по објавата на Вечер.мк, како Слободен печат или ТВ24, ценат дека “Судот во Стразбур ќе ја оживува аболицијата на Иванов“, односно  дека “Судот во Стразбур сепак отвара постапки за поранешните функционери кои ги гонел СЈО“.

ИЗВОР: Вечер. мк