Пензионираниот универзитетски професор по уставно право доктор Светомир Шкариќ, за Слободен печат оценува дека предлогот на Комисијата за заразни болести во домовите да не може да се собираат повеќе од четворица гости е оправдан и дека во услови на пандемија примарно е јавното здравје, а на Уставот треба да се размислува откако државата ќе успее да се справи со кризата која е и глобална.

 

Но, тоа што изненадува е ставот на Шкариќ дека во вакви услови „правото треба да молчи“:

-Што е Уставот во однос на пандемија? Во Лондон не смеат повеќе од шестмина на улица да се движат. Ни правото ни Уставот не можат во вакви вонредни услови да имаат никакво значење. Моне вели дека нужноста ја создава Европа, а не нечија желба. И сега кај нас има нужност. Правото сега треба да молчи. Ние имаме нова околност, загрозување на целата нација. Ако една Америка не може да излезе на крај, што останува за малите народи, ќе исчезнеме како ништо ако не постојат светските усилби да се дојде до вакцината. Ситно е да го толкуваме Уставот сега во вакви услови. Треба да се обединиме и многу проблеми да решаваме без правни средства. Да се види како да се спасиме и да ги почитуваме мерките, изјави професорот за ,,Слободен печат”.


Од истата категорија