Екс пратеничката на СДСМ Лидија Димова има голема трансформација во фризурата, од времето кога таа го возеше комбето на „шарената револуција“ и денес кога е директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Многу дами и се восхитуваат на нејзината модерна фризура. И сигурно многу госпоѓици и госпоѓи би сакале да бидат во овој моден тренд и да имаат  фризура како Димова. И човечки е да ги скокотка чии се тие вешти раце и ножици што можат да направат уметност од фризура.

Нема дилеми дека таа вештина може да ја практикуваат не само талентирани туку и едуцирани фризерски раце. Но, познато е и тоа дека една фотографија кажува повеќе од илјада зборови. Па, еве десетина фотографии за трансформацијата на фризурата на Димова.

И… едукација, едукација и само со едукација се стигнува до совршена фризура!

(Д.Г.)