Директорката на Националната агенција за европски образование и експратеничка на СДСМ,  Лидија Димова преку сооопштение најави тужба за истражувањето кое во јавноста го доби името „фризерница“, објави ТВ 24 Часа.

– Нема ништо незаконско во доделувањето на грантови од 270.000 евра за предавач во образовни процеси и целата постапка е транспарентна и во согласност со прописите, вели Димова.

Таа најави тужби за новинарите, како што вели, за објавените „невистини и клевети“, а за утре најави и прес-конферениција.