Да се врати старата цена на струјата и да се разрешат членовите на Регулаторната комисија за енергетика. Ова се двете клучни барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив мора итно да се најде решение бидејќи граѓаните имаат потешкотии со плаќањето на сметките за струја. Се протестираше со автомобили, а колоната тргна од СЦ Јане Сандански во Аеродром и заврши пред Регулаторна.
Се протестираше и во Охрид, каде демонстрантите го искажаа својот револт од поскапувањето на струјата, но и на водата, а обвинуваат дека Охридското Езеро безмилосно се празни за производство на електрична енергија.
По прилепските улици, пак, опозицијата протестираше против политичкиот прогон и партискиот реваншизам.
Денешниот беше дел од низата протести, што најголемата опозициска партија ги организира веќе втор месец, како што велат, против мафијата и поскапувањето на струјата.