Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во најавата за утрешниот протест.

„Се молчи за скандалот каде 270.000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 евра за тренирање на хрватско магаре.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 16.10.2020 од 18:30 часот на протест од Министерство  за правда до Секретаријат за европски прaшања и  да се стави стоп за злоупотреба на европските пари“ – се наведува во најавата.