Од 11 до 14 часот денеска во Скопје ќе има времен прекин на сообраќајот на улицата „Даме Груев“, од 14 до 18 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и од 14 до 17 часот на бул. „ВМРО“ на автобуската постојка пред Македонски пошти.

Како што соопшти МВР, времениот сообраќаен режим во централното градско подрачје е поради снимање филм, а привремен прекин на сообраќајот од истата причина ќе има и утре, задутре и во понеделник.

Утре од 14 до 17 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на булевар „ВМРО“ на истата локација и во времето од 20 до 23 часот на бул.„Партизански одреди“ (кај првата автобуска постојка од страна на хотел „Дувет“ до пред улицата „Аминта Трети“) во Скопје.

Во недела и понеделник од 17 до 1 часот по полноќ часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ од паркинг и автобуска постојка пред влезот на ТЦ „Рамстор“ до НЛБ Банка.

Од полицијата информираат дека ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.