Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа. Потребна е некоја, брана, бариера да се стави крај на сето ова, предуредува проф. д-р Даниловски. Тој побара строги рестриктивни мерки и без сентименталности.
Тоа значи полицики час и не од 23 часот туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми-вели Даниловски за Сител.
Претходно доктор Караџоски напомена дека одредени настани се главниот промотор на поголемиот број на случаи. Концерти, забави, семејни прослави. Никој не носеше маска. Очигледно тоа не се почитуваше.
„Ќе речам дека овој есенски бран малку подрани. Ако продолжи да не се почитуваат мерките, не ни останува ништо освен полициски час. Сами ако не си помогнеме, нема никој. Ако не ги почитуваме мерките, тоа ќе не одведе до огромен број на заболени“, истакна Караџоски.