Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот Live Chat на Фесјбук жестоко ја нападна Комисијата за заразни болести и ги повика членовите да си дадат оставка.
-Не може оваа Комисија за заразни болести да најде решение и тоа е очигледно. Повеќе од 7 месеци предвидуваат дека 2000 луѓе ќе имаме инфицирани, а ние веќе имаме повеќе од 20.000 инфицирани. Само во една недела имаме повеќе од 2000 инфицирани. Секојдневно имаме бројка на луѓе која што го губи својот живот, за жал, поради лошите и погрешни политики и мерки кои ги носи оваа политизирана Комисија за заразни болести и мене ме чуди упорноста што во овие 7 месеци ја имаат тие луѓе за беден хонорар, наместо да се соочат со јавноста и да поднесат самите оставка. Народот ги повикува да поднесат оставка и упорно и упорно се држат до тој нивен беден хонорар, до тие бедни денари кои што ги земаат на грбот на здравјето на граѓаните. Дел од нив ми се и колеги, универзитетски професори и единствено нешто што можам да кажам е дека треба да им е срам за тоа што го прават затоа што се богатат на здравјето на граѓаните. Барем малку треба да имаат доблест, чести и честитост и кога ќе видат дека не се успешни во тоа што го прават, наместо да ги бројат бедните пари кои што ги земаат од даночните обврзници да си дадат оставка. Малку моралот еднаш да биде пред и над лукративноста, вели Мицкоски.
-Но, за жал до овој момент тие луѓе не само што немаат намера да поднесат колективна оставка, туку продолжуваат да му слугуваат на Зоран Заев во погрешните политики, а тоа нас не чини секојдневно со 400тини, 500тини ново заразени, и со нови 5,6, 8, 10, 12 луѓе починати.