Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов веќе два дена е во самоизолација, откако се дознало дека командантот на бугарските воени воздухопловни сили, генерал Димитар Петров е заразен со коронавирус.
Министерството за одбрана информира дека Каракачанов вчера направил ПЦР тест, чиј резултат бил негативен. За денеска е предвиден втор тест и доколку и тој е нагативен, тогаш Каракачанов ќе излезе од самоналожената изолација.
Со неодамна назначениот началник на ВВС, минатиот петок во контакт бил и бугарскиот претседател Румен Радев, поради што тој ја одложи за денеска планираната посета на Естонија.