Деветстотини и петнаесет прекршоци се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.