Ние во Владата предводена од СДСМ, како одговорна партија, постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата од Ковид-19, објави вечерва премиерот и лидер на владејачката партија, Зоран Заев.
– Обезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против КОВИД-19. Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети. Состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата од КОВИД-19. Следната година следува покачување на платите во здравството за 10%. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40% повисоки од денес, објави Заев на својот официјален профил на Фејсбук.
Оваа објава е на денот кога Македонија повторно бележи рекорди на заразени од коронавирусот.