Страшо АНГЕЛОВСКИ
Долго време се спротивставував на внатрешниот порив да пишувам за годинешниве претседателски избори во САД. Меѓутоа, на ден пред нивното официјално завршување (бидејќи заради системот според кој се одвиваат тие се веќе одамна почнати со “гласовите од дома“, односно гласањето по пошта) сметам дека е интересно да се изнесат неколку работи кои во моментов ја окупираат речиси целата земјина топка.
Имено, имаме неколку веќе добро познати и повеќе непознати нешта околу овие избори. Познато е дека ова ќе биде претседателска трка на двајца највозрасни кандидати во историјата на САД, кои обајцата заедно имаат 152 години – Трамп – 74; Бајден – 78.
Познато е дека Доналд Трамп, за разлика од неговите претходници, е единствениот претседател на САД, после Џими Картер, кој не поведе ниту една војна за време на неговиот мандат. Позната е неговата MAGA програма, или “Да ја направиме Америка повторно голема (моќна); познат е неговиот однос кон останатите членки на НАТО дека треба да плаќаат повеќе за неговото постоење, или, да си ги исполнуваат обврските преземени за негово функционирање; познат е неговиот став дека иднината им припаѓа на суверенистите а не на глобалистите; познат е неговиот став кон СЗО и корона кризата; познат е неговиот однос на гадење кон американското “мочуриште“ (длабоката држава) и неговата речиси четиригодишна исцрпувачка битка против неа…
За Џозеф Бајден е познато дека веќе 40 години се наоѓа во врвовите на американската политика, дека работел на американската надворешна политика и дека ги одобрувал сите војни и конфликти кои САД во тој период ги започнале; познато е дека е поддржуван од неолибералното Клинтон-Обама крило на воениот комплекс на САД и, познато е дека нема да ги признае резултатите на изборите доколку победи Трамп, нешто што тој уште пред неколку месеци го објави велејќи дека имал состанок со пензионирани генерали на Пентагон, со кои се договориле “да не му дозволат на Трамп да ги украде изборите“.
Во контекст на ова, познато е дека креаторите и извршителите на неолибералната глобалистичка агенда, кои во САД, покрај длабоката држава, според писмото напишано во јуни, од страна на надбискупот Вигано и испратено до Трамп, имаат и своја длабока црква, ги имаат и фејк медиумите во свои раце, преку кои ги шират лажните (фејк) вести и податоци.
Ним, на креаторите и извршителите на неолибералната глобалистичка агенда им требаат САД како оружје во својата битка за завладување со светот и им треба на чело на САД човек кој доволно ги споделува,или послушно ги спроведува нивните инструкции. Сенилниот Џо Бајден е идеална фигура за нив. Затоа, упорно,преку своите медиуми ги туркаат лажните анкети за неговото големо водство, за поддршката што ја ужива, со што создаваат терен за непризнавање на резултатите од изборите после победата на Трамп. Свесни дека со повторниот мандат на Трамп (кој е и негов последен бидејќи не може да се кандидира по трет пат), тој уште пожестоко ќе удри по длабоката држава и целосно ќе ги извлече САД од можноста да бидат извршител на нивните желби и креирани неолиберални агенди.
Во своите налудничави “визии“, тие, креаторите на неолибералната глобалистичка агенда, за жал, подготвени се и на уништување на САД доколку под водство на Трамп, во вториот негов мандат, наместо нивно оружје во остварување на нивните креирани политики, станат оружје во рацете на суверенистичкиот свет за ослободување од нивната агенда.
Токму затоа и се запрашав – дали е можна граѓанска војна во САД?
Одговорот е многу едноставен – ДА, секако дека е можна бидејќи на веќе најавеното непризнавање на победата на Трамп и обидот преку “Антифа“ акција да се спречи да го преземе својот втор мандат, американските патриоти, се’ поинтензивно се вооружуваат и организираат за отпор кон извршителите на неолибералната уривачка агенда и одбрана на демократски извојуваната победа на нивниот кандидат.
Се подготвуваат за нешто што во минатиот текст го опишав со зборовите “сенародна револуција“. Граѓаните во сите држави, а посебно оние во САД стануваат свесни за лажниот однос на неолибералните идеолози кон нив, па така и, на пример, малцинските групи стануваат свесни дека се само играчка во рацете на “левицата“ која со нивните гласови единствено сака да се добере до власт. Затоа, дури и оние кои традиционално гласаат против републиканскиот кандидат, афроамериканското и јужноамериканското население во САД, се повеќе се свртуваат кон суверенистичката идеологија на Трамп. Така што, непланирано за неолибералите, и еден добар дел од нив ќе се приклучи во “сенародната револуција“ за одбрана од изборниот грабеж.
И, доколку тоа се случи во САД, доколку народот успее да ги одбрани изборните резултати и успее да ја сочува власта за која тој навистина гласал, народите во многу држави во кои им е украдена изборната волја ќе станат на нозе во обид да ја добијат власта за која гласале.
Тоа ќе биде почеток на крајот на неолибералните глобалистички креатори и извршители и победа на суверенистичките движења ширум светот.
И бидејќи влогот е премногу голем, бидејќи овие претседателски избори во САД се битка на живот и смрт за злото наречено неолиберално глобалистичко злосторничко здружение, и граѓанската војна, за жал, е опција која не смее да се занемари, опција која, верувам, никој разумен не ја посакува, но кај некого, можно е интересите да превладаат пред разумот.
Според се, на 4 ноември човештвото ќе ги согледа насоките според кои ќе продолжи да се движи. Искрено посакувам тоа да биде во вистинскиот правец, бидејќи така и шансите за Македонија се зголемуваат. Поинаку, Господ да ни е на помош.