Неколку лица загинаа, а има и повредени во терористичкиот напад во центарот на Виена кој сѐ уште е во тек. Според австиските медиуми, во нападот има најмалку 7 мртви, а неколку лица се држат како заложници во еден од рестораните.
Властите се сомневаат дека повеќе напаѓачи се вмешани во нападот и оти сѐ уште се активни.
Првичниот напад се случил во близина на градската синагога. Не е познато дали синагогата биа цел на нападаот. Убиен е еден напаѓач, а еден е во бегство. Во центарот е запрен јавниот сообраќај, а полицијата бара од граѓаните да не објавуваат видеа од настаните за да нег и загрозуваат животите на припадниците на безбедносните сили.
Според властите, еден напаѓач се разнел затоа што имал експлозивен елек. По други осомничени се трага. Наводно, испукани се најмалку 50 куршуми.
На теренот има голем број полициски возила.
Очевидци за ОРФ изјавија дека напаѓачите имале автоматски пушки.