Бројот на повредени во терористичкиот напад во Виена се искачи на 17. Во текот на ноќта беше објавено  дека 15 лица се пренесени во виенски болници со прострелни рани и дека седум се тешко повредени.

Портпаролот на Здружението на виенски болници, Кристоф Миро, за агенцијата АПА изјави утрово дека виенските болници примиле 17 повредени лица, од кои најмалку шест се со сериозни повреди. Меѓу тешко повредените е и еден полицаец, кој се уште е во критична состојба.

Во терористички напад што се случи синоќа во центарот на Виена беа убиени три лица, а полицијата уби еден напаѓач.

Претходно беше соопштено дека тројца цивили – двајца мажи и една жена – загинаа во синоќешниот напад во центарот на Виена, соопшти началникот на градската полиција.

Директорот на „Виенски болници“ Михаел Биндер информира дека во шест болници во Виена се примени 15 повредени, од кои седуммина се сериозно повредени. Биндер за јавниот сервис ОРФ изјави дека станува збор за повреди добиени од куршуми, и оти кај неколкумина повредени е извршена и хируршка интервенција.

– Синоќешниот напад во Виена беше „исламистички терор“ и однесе три животи, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција одржана рано утрово.

Нехамер рече дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Министерот рече дека полицијата била во можност брзо да го идентификува мртвиот напаѓач и открила докази при претрес на неговиот стан и видеа испратени од сведоци.

Официјални лица одбија да го откријат идентитетот на осомничениот бидејќи сè уште траат истраги, а полицијата не ја исклучи можноста други напаѓачи да се сè уште во бегство. Полицијата ги повика луѓето да продолжат да на излегуваат од дома.

Нехманер рече дека Австрија нема да толерира таков напад врз демократските слободи на земјата.

– Нема да дозволиме нашите слободи и основни права да бидат украдени со такви напади, подвлече тој.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц соопшти дека армијата ќе ја преземе заштитата на објектите и локациите во Виена.

– За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.

Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“ и истакна дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој грозоморен терористички акт.

 

Австрија ќе знае да ги одбрани демократијата и слободата, изјави синоќа австрискиот претседател Александар ван дер Белен, по вооружениот напад во центарот на Виена.

Ван дер Белен на Твитер напиша дека е длабоко погоден од терористичкиот акт и сочувствува со жртвите и повредените, како и со нивните семејства.

– Заедно и одлучно ќе ги браниме нашите слободи и демократија со сите средства, истакна Ван дер Белен. Тој додаде дека е во постојан контакт со Владата и им се заблагодари на сите странски лидери за пораките за солидарност и сочувство.

Напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава

Синоќешниот напад во Виена беше „исламистички терор“ и однесе три животи, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер на прес-конференција одржана рано утрово.

Нехамер рече дека полицијата пронашла јасни докази оти напаѓачот кој беше застрелан непосредно по почетокот на нападот „е радикализирана личност и симпатизер на Исламска држава“.

Министерот рече дека полицијата била во можност брзо да го идентификува мртвиот напаѓач и открила докази при претрес на неговиот стан и видеа испратени од сведоци.

Официјални лица одбија да го откријат идентитетот на осомничениот бидејќи сè уште траат истраги, а полицијата не ја исклучи можноста други напаѓачи да се сè уште во бегство. Полицијата ги повика луѓето да продолжат да на излегуваат од дома.

Нехманер рече дека Австрија нема да толерира таков напад врз демократските слободи на земјата.

– Нема да дозволиме нашите слободи и основни права да бидат украдени со такви напади, подвлече тој.

Полицијата еден напаѓач, по друг се трага

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер синоќа изјави дека е убиен еден напаѓач, кој го изврши терористичкиот напад во Виена, и дека полицијата во моментов трага по барем еден соучесник.

– Ова е најтешкиот ден за Австрија во последните неколку години. Се соочуваме со терористички напад, со обем што Австрија досега не се соочила, изјави Нехамер на вонредна прес-конференција.

Тој наглчаси дека специјалните полициски единици успеале да елиминираат еден тешко вооружен терорист и дека, според последните информации, барем уште еден напаѓач е во бегство. Поради тоа, тој апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови, доколку тоа е можно, освен ако не постојат деловни причини.

– Избегнувајте го центарот на градот, изјави Нехамер.

Курц: Армијата ја презема заштитата на објектите во Виена

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа соопшти дека армијата ќе ја преземе заштитата на објектите и локациите во Виена.

За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.

Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“ и истакна дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој грозоморен терористички акт.

Полицијата спроведува широка акција, уапсени неколку луѓе

По терористичкиот напад што се случи синоќа во центарот на Виена, во кој беа убиени три лица и еден напаѓач, австриската полиција претресе станови и уапси неколку лица.

Министерството за внатрешни работи утрово потврди дека биле извршени претреси во неколку станови кои се поврзани со убиениот напаѓач. Во полициската акција уапсени се неколку лица, јавија австриски медиуми.

Бројот на повредени во терористичкиот напад во Виена се искачи на 17. Во текот на ноќта беше објавено  дека 15 лица се пренесени во виенски болници со прострелни рани и дека седум се тешко повредени.