Грчката Влада денеска даде зелено светло за одигрување на натпреварот во Лигата на Европа помеѓу ПАОК и холандски ПСВ Ајндховен, што ќе се игра во Солун и покрај строгата блокада поради коронавирусот во тој град.

ПАОК ги увери владините здравствени власти дека натпреварот во групата Е в четврток ќе се спроведе „со сите строги здравствени протоколи“.

Владата објави едномесечна блокада, што почна денеска во нејзиниот втор по големина град, во обид да ограничи нови во случаи на заразени со новиот коронавирус.

Во Солун се ќе остане затворено, освен училиштата, а оние што сакаат да ги напуштат своите домови ќе мора да побараат дозвола преку СМС-порака. Исто така, се применува полициски час од 21 часот до 05 часот наутро.

Сите други спортски настани се одложени, вклучувајќи го и натпреварот од Суперлигата меѓу Арис и АЕК Атина закажан за в недела.