Според проекцијата на Си-Ен-Ен, Доналд Трамп победува во Охајо, што е многу значајно и затоа што републиканските кандидати кои ја освоиле таа држава во последните 56 години, секогаш станувале претседатели.

При првите резултати, Бајден беше пред Трамп, но по неколку часа Трамп поведе и убедливо победи. Според сегашните резултати, Трамп има 53 проценти од гласовите наспроти Бајден со 46 проценти.

Си-Ен-Ен јавува дека Трамп води во градовите и предградијата на Охајо, додека Трамп води во руралните области.

Според Си-Ен-Ен, Охајо е држава во која Трамп мора да победи. Ниту еден републиканец досега не освоил место без да победи во Охајо. „Ако Трамп не победи, тоа е скоро дефинитивен удар за него“, пишува аналитичар на Си-Ен-Ен.

Патем, Охајо е држава каде анкетите во пресрет на изборите му дадоа предност на Трамп од еден процент.