Скопската ЗОО попладнево ги пречека диносаурусите за Дино паркот, кои со 6 камиони од Кина пристигнаа во Скопје, а од утре ќе почне нивната монтажа.
Зоолошката градина купи 41 диносаурус во природна големина и се транспортираат со шлепери, поради што денеска беше блокиран и сообраќајот на булеварот Илинденска.
– Просторот каде што ќе биде Дино паркот е уреден и подготвен за да почнат да се поставуваат диносаурусите. Монтажата ќе трае околу 20 дена. Поради пандемијата на Ковид-19, сè уште не сме одлучиле кога ќе го отвориме Дино паркот за посетители, но се надеваме дека тоа ќе биде напролет. Очекуваме да ни донесе голем број посетители надвор од нашите граници, бидејќи ќе биде прв Дино парк на Балканот, вели директорот на ЗОО градината, Ѓорѓи Галетановски.
За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари, а неговото уредување од буџетот на Град Скопје се платени околу 325.000 евра.
Ова е уште еден од проектите на градоначалникот Петре Шилегов.