Град Скопје промовира уште еден свој проект кој е предвидено да се рализира утре на пладне.
– Историска тура со Маршалот! Утре со почеток во 12 часот ќе се одржи „Историска тура со маршалот“ околу објектите и наследството од југословенскиот период во Скопје. Стартна точка е Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на РСМ, а турата ќе ја води лиценцираниот туристички водич Војче Китаноски, соопштија од Град Скопје.
Објавата е на официјалната страница на Фејсбук.