Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави денеска масовно тестирање на граѓаните по второто „заклучување“, што ќе стапи на сила во вторник.
Курц за ОРФ изјави дека масовното тестирање ќе се спроведе пред Божиќ, слично на она во Словачка, бидејќи таа мерка била успешна.
Во Австрија, вработените во образовниот систем прво ќе бидат тестирани за училиштата повторно да можат безбедно да ги отворат вратите на 7 декември.
Во следниот чекор, Курц сака масовни антиген-тестови за да се обезбеди безбедна прослава на Божик.