Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни на Клиниката за Дерматовенерологија, седум пациенти на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица.  Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.

Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.

Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и моажад да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.