Владата денеска преку видеоконференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 24-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог-законите за Агенцијата за разузнавање, за даноците на имот и за трговија.
За разгледување, како што информираат од владината прес-служба, на денешната седница е и Информацијата за текот на преговори за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки.
За донесените одлуки и заклучоци од 24-тата седница на Владата, ќе биде информирано преку соопштение по нејзиното завршување.