Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, соопшти СЗО.

Сите возрасни лица треба да прават најмалку 150 минути напорна физичка активност неделно, што е уште поважно за благосостојбата и менталното здравје во време на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во своите први упатства за оваа деценија.

Препорачливо е децата и адолесцентите секој ден да имаат просечно еден час физичка активност и да го ограничат своето време пред електронските екрани.

– Луѓето од сите возрасти треба да го компензираат растечкото седечко однесување со физичка активност за да го намалат ризикот од болести и да додадат години во нивниот живот, истакна СЗО започнувајќи ја својата кампања „Секе движење се брои“.

– Зголемувањето на физичката активност не само што помага во спречување и управување со срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, туку исто така ги намалува симптомите на депресија и анксиозност, го намалува падот на когнитивните способности, вклучително и Алцхајмеровата болест и ја подобрува меморијата, рече Рудигер Креч, директор на СЗО за унапредување на здравјето.

Секој четврти возрасен и четири од пет адолесценти немаат доволно физичка активност, што може да вклучува пешачење, возење велосипед, градинарство и чистење, предупредува СЗО.