Минатата ноќ Шведска била погодена од бран на насилства откако беа запалени 80 автомобили од маскирани банди ширум земјата. Бандите се судрила и со полицијата фрлајќи врз неа со камења.

Пријавени се запалени автомобили во Малме, Гетеборг и Хелсинборг, а шокантни фотографии покажуваат дека млади момчиња уништуваат автомобили на паркизните од шопнг центар и болница во Фролунда, на западот од Шведска.

Полицијата истражува дали пожарите подметнати на разни места во земјата се поврзани.

Од шведската полиција изјавиле: Пожарите избувнаа еден по еден за краток временски период, па не може да се исклучи нивна поврзаност.

Шведскиот премир Стефан Лофвен изјавил дека настаните навистина го

збеснале.

Тој додал дека би сакал да ги запраша тие што ги предизвикале немирите „што, по ѓаволите правите“.

Сите пожари биле ставени под контрола во текот на ноќта.

Околу 80 возила биле уништени.

Многу Швеѓани на социјалните мрежи ја изразиле својата лутина поради немирите. Нивното прашање е: Зар не е должност на Владата да не чува од вакви настани?

Инаку, на 9 септември во Шведска се одржуваат генерални избори.