На територијата на град Скопје, во текот на вчерашниот ден, изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор. Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР истакнаа дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, посочија од МВР.
Имено, за неносење на заштитна маска изречени се 34 санкции.