Поранешниот премиер Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Владата денеска донела одлука да го именува Бучковски на оваа позиција.

Поранешниот премиер и министер за одбрана и некогашен лидер на СДСМ, изминатиот период е активен со своите ставови наспроти ставовите кои велат дека бугарските позиции во однос на Македонија се неприфатливи.