Денеска се изгубени двајца граѓани на Гевгелија на планината Кожуф, на патот кон месноста Круша, за што е известени полицијата и противпожарната единица.
– Овие информации стигнаа до редакцијата на Сител за да биде упатен апелот до јавноста надевајќи се дека така би се забрзала реакцијата на службите, шумската полиција, единиците за спасување при МВР, но и на планинарските здруженија кои го познаваат регионот, објави ТВ Сител, а го објави и телефонот за контакт (071/207-002) доколку некој има информации.
Порталот А1он објави дека станува збор за Владо Делев и Кире Арнаудов.
Во потрага по изгубените планинари се вклучени семејствата на изгубените планинари, како и полицијата, а се очекува да се вклучат и други институции.