Проф. д-р Јованка Кепеска во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целата ситуација на државата со Бугарија каде посочи дека со интервјуто кое го даде Заев за БГНЕС сака да направи една зделка која ќе произведе производи без да се има релација кон тоа што е крајната вистина. Според Кепеска Заев не води сметка ниту за минатото, ниту за историјата, ниту за иднината.
-Од наша страна постои една криза на свеста особено во политичката сфера која не наоѓа доволно сили односно нема пристап да може да одговори на овој предизвик така што се сведува на некоја оперативност која значи крајна релативизација во однос на научните сознанијата за решавања на овие односи помеѓу двете земји. Ние сме сведоци на тоа интервју на Заев дадено за БГНЕС кој се обиде крајно да изрелативизира состојби за да може да направи некакво разрешување на спорот во облик на зделка како што ќе произведуваат производи, без да се има релација кон тоа што е крајната вистина и вистината која ќе не доведе до нови проблеми во меѓусоседските односи, бидејќи не се тоа крајни решенија. Тоа е тој пристап кое не води сметка за минатото, односно не води сметка за историјата ниту за иднината, тој гледа да го реши сегашното во форма на произведување на производ како зделка, рече таа.
Кепеска зборуваше и назчачувањето на Бучковски за специјален советник за решавање на проблемот со Бугарија и рече дека неговите изјави не се релеватнит да го решат спорот со Бугарија.
Изјавите кои ги даде Бучковски се и погрешни но и очигледно е дека не му се релеватни за да го реши спорто туку да се сведи на една оперативност односно не навлегување во суштината и не дава гранција ниту дека ќе се решат споровите ниту ќе биде добро во иднина во меѓусоседските односи меѓу Бугарија и Македонија, додаде таа.