На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” се читаа вибер комуникации од Јасна Мандиќ како директор на 1ТВ и Зоран Башановиќ, советник на Зоран Заев.

Денешната презентирана вибер комуникацијата помеѓу Башановиќ кој важи за еден од најблиските соработници на Заев и Јасна Мандиќ јасно укажа на заложбата и ургенцијата на Заев да издејствува да не оди во затвор Јасна Мандиќ, туку да биде во домашен притвор.

Имено, од приложените преписки во Судот, се читаа пораки од Зоран Заев насочени кон Башановиќ.

Поранешниот советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Башановиќ ургирал кај премиерот и побарал претседателката на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ да не оди во затвор.

Разговорите меѓу Заев и Башановиќ денеска беа презентирани на судското рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ како дел од комуникацијата од вештачењето на телефонот и компјутерската опрема на обвинетата Мандиќ.

Таа објасни дека оваа комуникација не е лично нејзина, туку ѝ била препратена од други лица.

„Те молам само да не оди во затвор. Полицијата е моментално кај неа дома, па ако можеш да средиш да не ја однесат“, напишал Башановиќ.

„Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и судот. Ќе видам што можам да направам“, одговорил Заев.

Полициските службеници биле во домот на Јасна Мандиќ, при што побарала ургенција кај Заев преку Башановиќ, на што Башановиќ побарал помош за Мандиќ директно од Зоран Заев.

На тоа Заев вели „Јас ќе замолам во ЈО и Суд да доделат полесна мерка, да не биде затвор”, при што вели дека ќе провери што е работата.

Веднаш потоа, му пишува на Башановиќ: „Другар, има докази за Јасна ми кажуваат. Но ќе се обидам да не е притвор”, за на крај да му се обрати со порака „Нема да оди во притвор”, при што Мандиќ тогаш не отиде во затворска ќелија, туку доби полесна мерка, домашен притвор.