Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд. По одделни котлини со појава на утринска магла. Во текот на денот со умерена облачност и со повремени сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната од 8 до 14 степени.
Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, во текот на денот со повремени сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник со повремени врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.