Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија се оградува и ги отфрла ставовите на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, искажани во интервјуто за весникот „Вечер“ од 4 декември 2020 година.

-Тие претставуваат негово лично мислење и не го изразуваат ставот на другите членови на Синодот, велат од МПЦ-ОА.

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија нагласува дека останува на својата веќе изградена позиција во однос на решавањето на црковното прашање за својот автокефален статус да разговара со Мајката Црква — Вселенската Патријаршија.