АМЗОВСКИ ДО БОКИ 13, МИЛИОН ЕВРА И ПОРАКА: СЈО го повлече обвинението! Ти благодарам!

/ 15.12.2020

Адријан Амзовски е бизнисменот кој што беше обвинет во случајот ТНТ за нелегално градење како инвеститор во објектот Космос. Но јавноста најмногу слушна за неговата вмешаност во случајот Маѓународен сојуз. Во овој случај, бизнисменот Амзовски го обвини Бојан Јовановски- Боки 13 и неговата невладина Меѓународен сојуз за измама од над 1 милион евра, заедно со уште еден бизнисмен за градење на старечки домови.

Имено во овој случај, каде што според доказите во рочиштето ТНТ може да се види дека не се исплатени 270 илјади евра од страна на Амзовски, туку повеќе од 850.000 евра за помош од страна на Бојан Јовановски за повлекување на обвинението за случајот ТНТ.

Ова обвинение најпрвo го поднесе ОЈО, но потоа го превзема Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство.

Тогаш ОЈО поднесе обвинение против Адријан Амзовски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје (каде што основач е Фијат Цановски) поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Амзовски бил инвеститор. Се работи за нелегалностите во изградбата на објектот „Космос“. Ова обвинение од страна ОЈО поднесено во Основниот суд, тогаш беше прифатено и потоа и закажано судско рочиште.

Но, потоа на 15.10.2017 беше превземено од страна на СЈО, по нарачка на Катица Јанева.

За по превземањето експресно во рок од 5 дена, 20.10.2017 без ниту еден дополнителен документ или доказ ова обвинение го повлекуваат Катица Јанева и обвинителот Бурим Рустеми.

Истиот ден според доказите од предметот Меѓународен сојуз Амзовски му испраќа порака на Јовановски.

За целата разврска на овој предмет пред 10 тина дена во суднцата во основен суд Скопје беше презентирана комуникација помеѓу Јовановски и Амзовски, каде што се гледа дека бизнисменот му се заблагодарува на Боки 13 за завршената работа, за повлекувањето на обвинението од страна на Катица Јанева и СЈО. Според доказите јасно може да се види дека благодарноста од страна на Амзовски е на истиот ден кога е повлечено неговото обвинение.

Според пораките презентирани во судница, Јовановски имал интензивна комуникација и со бизнисменот Ардијан Амзовски.. Заедно барале локација за изградба на старечи дом во Карпош. Во една од пораките, Амзовски пишува.

„СЈО го повлече денеска предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме“.


Од истата категорија