Она што ние денеска политичарите, јас Зоран Заев, премиерот на Бугарија Бојко Борисов, треба да го имаме во предвид што правиме со таа историја што денеска ја пишуваме?, рече денеска Заев одговарајќи на ноинарско прашање.

Што им оставаме на децата и на идните генерации кои што чекаат сега од нас? Дали ќе им оставиме аманет на пријателство, на братство, на заедништво, на европски вредности, на меѓусебно помагање, или ќе ги поделиме и разделиме повторно како во времето на железната завеса?

Наша задача е да одиме напред. Да чекориме напред и јас верувам дека најбрзо можно ќе се создадат услови. Ние не се откажуваме и ќе продолжиме да работиме.

Секако доаѓа период на празници и за време на тие денови веројатно ќе се намалат активностите, а после празниците повторно ќе работиме поинтензивно.

Сакам да ги коментирам реакциите на Словачка и Чешка. Драго ми е што сѐ уште има европско во Европската Унија. Ова го кажувам со доза на горчина затоа што ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Република Македонија.

ЕУ најмалку што смее да направи е да ги изгуби европските вредности и принцип. Се надевам дека тој дух ЕУ ќе продолжи да го испраќа кон нас земјите кандидати за членство затоа што ние немаме друга алтернатива. Како што сум кажал и порано, се надевам дека ЕУ нема да го изгасне светлото во мракот за да не бидеме изгубени.

Таа водилка нашата мотивација и за реформите, и за да бидеме подобри граѓани, за да си ја европеизираме државата, да го средиме правосудниот систем, да имаме сила и енергија да градиме за нашите деца, за идните генерации, да го осовремениме здравството, да ја подобриме уште повеќе инфраструктурата – вели Заев.