Слаткар од Колорадо, кој доби казна откако, поради религиозни убедувања одбил да направи славеничка торта по повод промена на полот на нарачателот, сега ја тужи државата, откако Врховниот суд на САД делумно му ја уважи жалбата по слична пресуда.
Имено, на Џек Филипс, сопственик на пекарницата што се наоѓа во предградие на Денвер, Комисијата за заштита на човековите права во Колорадо му пресудила дека извршил дискриминација против трансексуалецот кој штотуку станал жена.
Во 2012 година Филипс бил санкциониран бидејќи одбил да направи свадбена торта на истополова двојка. Во јуни годинава, американскиот Врховен суд пресуди во полза на слаткарот, со став дека истата Комисија пројавила религиозна дискриминација кон него.
Филипс кој смета дека „властите во Колорадо водат ’крстоносен поход‘ против него“, завчера повторно поднел жалба против Комисијата.