Се уште не се создадени предуслови за легализација и рекреативна употреба на марихуаната во нашава држава, смета претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, окако премиерот Зоран Заев најави декриминализација и легализација на употребата на марихуана.

-Наместо цигари, да пушиме марихуана, сметам дека не се создадени перцептивни предуслови кај нашите граѓани по ова прашање и не се создадени предуслови за општа легализација за рекреативна употреба, рече Џафери во синоќешното гостување на ТВ 21.

Одговарајќи на прашање, тој истакна дека за да го блокира ДУИ законот нема потреба да падне Владата, туку, како што рече, има инструменти во Собранието.